Сервиси
Нашите камиони овозможуваат навремена и ефикасна испорака на стоките на нашите клиенти по разумни цени. За таа цел во секое возило имаме инсталирано сателитско следење и двајца искусни возачи кои ги почитуваат националните и меѓународните правила и норми. Сателитското следење на возила(GPS) овозможува набљудување на возилото од самото место на утовар до местото на испорака, имајќи обезбеден преглед на моментната состојба на возилото.
Професионалните возачи се грижат за стоката да биде правилно и безбедно товарена, транспортирана и доставена, според желбите на клиентите.
Благодарејќи на нашето долгогодишно искуство успеавме да изградиме транспортна мрежа низ цела Европа, фокусирајќи се пред се на Западна Европа, обавувајќи транспорт од и за сите европски земји. Како една од поголемите транспортни фирми во Р.Македонија, со сопствени 31 Еуро 6 и 4 Еуро 5 влекачи со ладилници, ние настојуваме на нашите клиенти да им обезбедиме решенија во пресрет на нивните потреби за одржување на температурата на нивната стока.
Основна цел и должност на нашите вработени е да ги разберат вашите барања и потреби за безбеден транспорт на вашата стока и да обезбедат и организираат целосна реализација на истите. Само на тој начин ние сме во можност целосно да ја добиеме и оправдаме вашата доверба, што претстваува еден од основните услови за успешноста на нашата компанија.


