За нас
Нашата транспортна компанија, основана 1992г. со седиште во Кавадарци, Македонија веќе 24 години активно работи во полето на меѓународниот транспорт. Под името “Евро Шпед” се појавуваме на домашниот и Европскиот пазар од 1994г. Со возен парк од 35 ладилници по највисоки Еуро 5 и Еуро 6 стандарди гарантираме навремени транспортни услуги од врвен квалитет, по конкурентни цени, базирани врз знаењето и вештините на нашиот тим составен од млади, но обучени и мотивирани луѓе.
Со цел да ги пресретнеме барањата на растечкиот меѓународен пазар на транспортни услуги, постојано сме во потрага на нови контакти за извршување на увозно-извозни операции и остварување на интензивна соработка. Денес, после многу години на докажување, го продолжуваме нашиот успешен пат благодарение на нашите доверливи соработници и клиенти, одржувајќи ја добрата репутација на национално и интернационално ниво.


